Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Наредната недела започнува вакцинацијата за сезонски грип – бесплатно за хронично болните, бремените и постарите од 65 години

Од средината на месецот ќе започне редовната имунизација против сезонски грип.  Вакцините…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од средината на месецот ќе започне редовната имунизација против сезонски грип.  Вакцините ќе бидат бесплатни за хронично болните, постарите граѓани над 65 години, бремени жени и лица со слаб имунитет. Вакцината освен што го намалува ризикот од зараза, туку значително ги ублажува симптомите кај оние што сепак ќе се разболат.

„Како редовно се вакцинирам, грипот многу полесно го поминувам. Единствено со парацетамол. И јас и сопругот редовно се вакцинираме против сезонскиот грип. Веќе се пријавив„ коментираат анкетираните граѓани.

Сите кои сакаат да се имунизират треба да се пријават пополнувајки апликацијата на сајтот vakcinacija.mk или преку матичен лекар. По пријавувањето грѓаните ќе добијат порака за кога и во колку часот ќе може да ја примат вакцината. Лекарите апелираат дека најдобро време за имунизација се октомври и ноември, за организмот да создаде доволно антитела пред зимата. 

Реклама

„Вакцината е безбедна и е ефикасна мерка за заштита и превенција од потешки форми на грип, односно од компликации и смтни исходи кај ризичните групи„ изјави  д-р Светлана Живкова

Годинава за заштита од сезонски грип Министерството за здравство, набави 80.000 дози на четиривалентна вакцина од холандскиот производител „Абот„.