Реклама

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Македонија

Наместо со дивоградбите во Охрид, Владата се занимава со кадровско „масакрирање“ на Комисијата за природно и културно наследство на градот

Без никакво образложение,Владата разреши тројца членови на Комисијата за управување со светско…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без никакво образложение,Владата разреши тројца членови на Комисијата за управување со светско природно и културно наследство во Охридскиот регион.Меѓу нив и е доктор Донка Барџиева Трајковска – силен критикувач на прекумерната урбанизација, која со години наназад укажува дека Охрид е на чекор да го изгуби статусот на Унеско.

Ја побаравме Барџиева која јавно го објави решението на Владата,но таа не сакаше да коментира,се ‘ што мислев, рече напишав на својот фб профил

Одличен потег на владата.Во услови на епидемија мора да се отстранат сите кои на било каков начин можат да ја загрозат.Ова решение е класична демонстрација на сила и отстранување на неподобните.Го губиме Охрид со ваква кадровска политика на лиферување послушни, лојални кадри кои имаат искуство со менаџирање со коруптивни активности-коментираше доктор Барџиева.

Реклама

Разрешувањето на Барџиева предизвика лавина реакции и на социјалните мрежи.

‘’Со ова прашање никако не би смеела да се занимава техничка влада.Тоа што во вонредна состојба доби огромни надлежности, не им дава право таа сосотојба да ја злоупотребуваат.А, и каква порака дава државата на овој начин до УНЕСКО? Дека Охрид и охридскиот регион ќе го заштитиме со елиминирање на експертите? Срамна, недозволена и крајно проблематична одлука.’’

‘’Не знам кои и какви би требало да бидат чекорите во моментов после оваа срамота, ама некој мора да сноси дебела одговорност за ова. Некој мора јавно да излезе со став, барем претседателот на таа Комисија, кој и да е’ – да го видиме со име и презиме! – а потоа и г-динот Адеми, па Премиерот.Ова е крајно небулозен потег на Владата и владејачката партија.’’

На ваквиот потег на Владата, реагира и Претседателката на “Транспарентност”, Слаџана Тасева.

Ова не е работа на течничка Влада.Oчигдена е намерата да се искористи летото и целата состоjба со вирусот за незаконско градење, да треба да се реагира”- вели претседателката на “Транспарентност”, Слаџана Тасева.

Инаку членовите на Комисијата за управување со светско природно и културно наследство во Охридскиот регион имале мандат од 3 години,но во деловниот –како што пишува Барџиева, ова прашање не било дефинирано и пред една недела отпочнавме постапка за измени во деловникот,очигледни некому му се брзало-коментира Барџиева.

 Росица Голабоска