Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Наместо црвени линии, СДСМ предложи резолуција за итно вметнување на Бугарите во Уставот

Документ за брзи уставни измени и влез на Бугарите во Уставот, без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Документ за брзи уставни измени и влез на Бугарите во Уставот, без никакви нови црвени линии или гаранции дека Македонија нема да наиде на нови сопки и уцени на патот кон ЕУ. Во суштина на ова се сведува долго-очекувана резолуција на СДСМ. Новина, за разлика од сите досегашни документи и резолуции, е поставувањето на прецизна временска рамка до кога најдоцна Бугарите да бидат ставени во уставот. Филипче бара сите партии да се согласат првото гласање за уставните измени да биде на 15 декември, а целата процедура да заврши до февруари 2026-та година. Иако беше најавено, во текстот нема ниту ни збор од најават на самиот Филипче дека ако добиеме ново вето, Македонија ќе ги напушти преговорте.

Единствен механизам кој го предлага СДСМ во случај на ново вето, е претседателот на држава, собранискиот спикер и премиерот, синхорнизирано да пишеле писма до сите инситуции на Европската Унија и да се жалат. Ништо повеќе.

Во однос на прашањата како што се јазикот, идентитетот, историјата и културата се користат празните флоскули  дека тие треба да бидат почитувани од сите државни институции, нешто што би се подразбирало и без резолуцијта. Во однос на јазикот, и се забранува на Владата  да разговара за поинакво решение од тое што е во преговарачката рамка. По приемот да нема додавки и фусноти. Интересно е што се бара целосно почитување на веќе постоечката собраниска резолуција по ова прашање, која владата на СДСМ и ДУИ целосно ја прегази со прифаќањто на францускиот предлог.

Реклама

Иако веќе е познато дека премиерот и владата, но пред се македонските граѓани се строго против внесувањето на Бугарите во Уставот, сепак Филипче се надева дека партиите ќе дадат придонес во содржината на резолуцијата и ќе ја поддржат бидејќи Владата како што рече, досега не успеала да договори со ЕУ одложени уставни измени и да обезбеди гаранции.

Вака како што е напишан текстот на резолуцијата тешко дека ќе добие било каква поддршка од партиите кои се дел од власта, бидејќи со суштина со него само се бара владата итно да ги усвои уставните измени, нешто што го бара и Буграија и Европската унија. Таа е целосно контрадикторна со политиката на новата влада, која цела година ја убедува меѓунардоната заедница дека за Македонија е прифатливо да има уставни измени, но само ако тие се со одложено дејство или се добијат писмени гаранции. Премиерот Мицкоски, во неколку наврати рече дека откако ќе го види текстот ќе се произнесе, но предупреди дека не очекува нешто различно од партија како СДСМ, која досега ги погазила сите црвени линии.