Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Наместен тендер за добавувачи на храна во штипските институции?

Скандал при изборот на доставувач на колективна храна во неколку општински институции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандал при изборот на доставувач на колективна храна во неколку општински институции ја тресе штипската локална самоуправа, тврдат опозициниерите.

Со документите што ги презентираа обвинуваат дека градоначаланикот во изминатите две години наместил тендери и фирмата на неговиот чичко успеала да инкасира 5милиони денари. Обелоденуваат дека белите пецива кои ги производува фирмата Де лукс се на менито во сите градинки и јавни претпријатија..

Крајно недозволиво е институции основани од Општина Штип чии директори се назначени директно од градоначалникот, да склучуват милиониски договори со фирма која е во сопственост на членови на неговата фамилија. Еве ќе посочам само неколку градинката Астибо,Вера Циривири-Трена, ЈП Исар и уште многу други-изјави Јорданов.

Реклама

Побаравме одговор и од градначалникот. За скандалот се обрати со соопштение во кое наместо да образложи како се избираат доставувачите на храна во јавните институции , тој удри по првиот опозиционер во градот.

Го повикуваме и го поддржуваме Иван Јорданов да не се крие позади неговата безидејност како носител на јавна функција, сите дилеми коишто ги има слободно да ги расчисти преку институциите на системот.

–Патем речено го повикуваме по втор пат јавно да каже како неговиот брат во два наврати на слични постапки добил концесија за ординација во Здравствен дом „Панче Караѓозов“.

(инаку во ЗДравствениот дом има постојано празни ординации, па не знам дали да го пуштиме вториот дел од соопштението)

Документите денес ќе бидат доставени и до антикорупционерите, кои ќе треба да се изјаснат дали во овој случајот штипскиот градоначалник ја злоупотребил својата функција.

Александра Ристевска