Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Намалени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на претходното тримесечје намалени се за 0,4 проценти, трошоците за материјали за 1 процент, а за 1 процент зголемени се трошоците за вработените. 

Во последниот квартал лани, во споредба со истиот квартал од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување бележат намалување од 0,5 проценти, а намалени се и оние за материјали за 1,1 процент. Зголемување од 0,8 проценти има кај трошоците за вработените. 

Според ДЗС, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, од 1. до 4. квартал во 2025, во однос на истиот период од 2024 година, намалени се за 0,4 проценти, трошоците за материјали за 0,3 проценти, а трошоците за вработените за 0,6 проценти. 

Реклама

Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување. Главни корисници на податоците за индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се градежните претпријатија, кои се повикуваат на движењето на трошоците во градежништвото во калкулациите при склучувањето на градежните договори.