Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Намaлен бројот на првачиња на истокот од државата

Во континуитет паѓа бројот на првачиња во Штип. Ако минатата година требаше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во континуитет паѓа бројот на првачиња во Штип. Ако минатата година требаше да се запишат 580, на овие уписи согласно податоците добиени од СВР,  во училишните клупи ќе има 21прваче помалку. Уште позагрижува фактот, што и овој број нема да се исполни во целост. Тоа  е резултат на масовното иселување.

   „ За жал оваа бројка не се исполнува. Од различни причини, едноставно луѓето мигрираат.  Се селат во друга држава или град , па децата ги запишуваат во странство„ изјави Снежана Санева, од одделението за образование при  Општина Штип.

Сериозен проблем во Штип, кој и оваа година при уписот на 559 првачиња треба да се надмине е реонизацијата. Токму во училиштето „Гоце Делчев„ во кое повеќе од 60% од учениците се Роми, има најголем број на барања за трансфер на првачиња  во други училишта. Низ годините имаше и случаи кога родителите ја менуваа и адресата на живење само да не ги запишат децата во тоа училиште.

Реклама

  „ Ова прашање е навистина голем проблем за нашата општина. Го знаете и проблемот со сегрегацијата што се случи. Се надевам дека оваа година ќе има почитување на реонизацијата и сите ученици ќе бидат запишани во училиштата коишто спаѓаат во реонот„ изјави Снежана Санева, од одделението за образование при  Општина Штип.

Сликата празни училишни клупи не ги заобиколува и останатите градови во државата. Белата чума го погоди крајниот Исток, каде голем дел од првачињата наместо дома, се запишуваат во училиштата во Италија, Германија или Шведска.

Александра Ристевска