Реклама
Економија

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава е намален за 3,4…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава е намален за 3,4 % во однос на февруари лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење камен намалувањето е 6,3 %, во секторот Преработувачка индустрија 3,4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 0,4 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 година се намалил во групите Енергија за 2,4 %, Капитални производи за 4,5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 3,0 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,6 %.