Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Најсиромашните Баирчани во Битола, останаа и без вода

Во најгорниот дел на битолската населба Баир, или како што општинските институции…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во најгорниот дел на битолската населба Баир, или како што општинските институции го водат како “Љубојно“ бр. 46, живеат најсиромашните Роми, речиси гетоизирани, на работ од елементарната егзистенција, без светлечки тела на бандерите и во мрак, со земјен и најчесто каллив пат и со години без вода. Бројката не е мала, со неколку стотини куќи и нешто помалку од илјада жители и еден куп мали деца. Денеска, ја повикаа екипата на АЛФА, да се пожалат дека во време на корона и во пресрет на летните жеги, останати се без основната потреба – водата.
-Не може вака без вода. Со буриња до кога? Дали за пиење, за капење, за јадење со буриња?- запраша Ребека Јашаровска.- Хигиената е на нула, а тоа за децата е катастрофа, бидејќи ако овде заврне с`е е кал и не можеме да ги пуштиме на школо- рече Кадри Казимов.
– Не е живот овај, никаков- додаде Сузана Абдуловска. -Немаме ниту да се искапиме, ниту да се испериме, никаква хигиена, а децата ни одат на школо- рече Емира Селимовска.
-Полниме од кај комшиите долу, капка нема цел ден- рече Бесим Шабановски.

Од невладината организација Центар за интеграција на Ромите, велат дека тука сосема реално и во вакви услови без вода, може да се појави огромен кластер со корона.
-Доаѓа летен период и можно е, значи ндеја Боже, повторно да се заразиме од корона вирусот и баирот да биде едно жариште каде што нема да можеме да се излечиме- рече Самедин Канановски, претседател на Центарот за интеграција на Ромите.

Од Битолски “Водовод” велат дека таму е највисоката кота, дека неколку стотини семејства се приклучен на диво и дека го исцрпуваат системот.
-Таму, при посета на случбите од “Водовод”, стално е- или нема водомер или надиво се приклучени на водоводниот систем или чешмите се оставени да течат нон- стоп. Сето тоа доведува до нарушување на притисокот на водоводниот систем- рече Горан Козаров, директор на ЈП “Водовод”.

Реклама

Но, како да се реши овој горлив проблем, како и останатите тукашни комунални проблеми. Како што велат, порано градоначалничката им ветила пат со бехатон плочки, а за водата, очигледно барем засега не се гледа решение, освен Општината да понуди социјална солидарност со нов проект и повеќе вода, зашто таа што доаѓа не е даволна за никој, а накрај , најголем број живеат од социјална помош.

Петар Стефановски