Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Најнов извештај на Стејт Департментот: Сериозна владина корупција и насилство врз новинари

Сериозна владина корупција, мешање на извршната власт во судството, но и сериозни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сериозна владина корупција, мешање на извршната власт во судството, но и сериозни ограничувања во слободата на медиумите со насилство и закани врз новинари – во најновиот извештај за Македонија,  Стејт департментот ги нотира и измените во Кривичниот законик со кои застарија бројни кривични дела за висока корупција.

  • „Имаше бројни извештаи за владина корупција. Во септември, владата усвои измени на Кривичниот законик, значително намалувајќи ги обвиненијата и казните за кривични дела поврзани со корупција. Невладините организации тврдеа дека како најголем работодавач во земјата, доминантната улога на владата во економијата, создава широки можности за корупција“, се вели во Извештајот на Стејт Департментот.

Иако Уставот гарантира слободна судска власт, владата не ја почитувала судската независнот и непристрасност. Вашингтон го бележи и незаконското постапување на Судскиот совет, но и политичкото мешање во работата на највисокото судско тело.

  • „Веродостојните извештаи за неоправдано судско несоодветно однесување, непотребен политички и деловен притисок врз судиите, непотизам, клиентелизам, долготрајна правда, несоодветно финансирање, отпор кон користење на законски задолжителна технологија и недоволен кадар, ја попречија судската ефикасност и влијаеше на довербата на јавноста во владеењето на правото“ пишува во Извештајот.

Во извештајот е наведен и предметот на скопското обвинителство за „Онкологија“ дека персоналот на Државната клиника крадел лекови за рак и ги продавал на црниот пазар.

Реклама

Извештајот опфаќа 200 држави и териории во светот, а во делот за Бугарија, Вашингтон се осврнува и на односот и непризнавањето на бугарските власт врз етничко-македонските активистички групи и нивната регистрација, и покрај сите претходни одлуки на Европскиот суд за човекови права дека негирањето ја нарушува слободата на здружување.

  • „Властите продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација-Илинден, Друштвото на угнетените Македонци во Бугарија-жртви на комунистичкиот терор, Здружението за заштита на основните индивидуални човекови права 2023 година и Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ се вели во Извештајот.

И судските власти во Бугарија постапуваат идентичко како и институциите, а тоа се докажува со одбивањето на регистрацијата на Обединетата македонска организација Илинден – Пловдив, се вели во извештајот, со образолжение дека целите на групата и признавањето на македонското етничко малцинство биле насочени кон поделба на нацијата и можност да се создадат услови за етнички конфликт.