Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Најмногу дожд во Демир Капија, најстудено во Маврови Анови, Лазарополе и Пожар

Најмногу дожд 40 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмногу дожд 40 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во  Демир Капија, по што следат Радовиш и Пожар со 37, Гевгелија со 35 и Штип со 28. Деветнаесет литри на квадратен метар наврнаа во  Струмица, 16 во Виница, 15 во Куманово, 13 во Кавадарци и Крива Паланка, 12 во Попова Шапка, 11 во Претор, 10 во Маврови Анови и Скопје-Петровец, 8 во Берово, 7 во Лазарополе, 6 во Велес, 5 во Пожаране, 4 во Битола, Тетово, Крушево и Прилеп и по еден во Скопје – Зајчев Рид и Тополчани.

Утринава најстудено беше во Маврови Анови, Лазарополе и Пожар каде е измерена температура од -1 степен Целзиусов, 0  во Пожаране и Крушево, 1 во Крива Паланка, 2 во Претор, Охрид, Тополчани, Куманово и Виница, 3 во Тетово, Штип, Прилеп, Берово и Скопје – Зајчев Рид, 4 во Битола, Велес, Кавадарци, Струмица, Демир Капија и Скопје-Петровец, а најтопло беше во Гевгелија каде се измерени 5 степени Целзиусови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени Целзиусови.

Реклама

И во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени Цезлиусови.