Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Најавата за субвенции ги окуражи производителите на модри сливи од делчевско и радовишко

Најавата за субвенции ги окуражи производителите на модри сливи од делчевско и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најавата за субвенции ги окуражи производителите на модри сливи од делчевско и радовишко, кои деновиве интетнзивно го собираат родот од овоштарниците. Со предвидената помош во висина од 4 и 5денари по килограм, државата ќе им го реши проблемот со ниската откупна цена.

  „Субвенциите секако ќе ни бидат од полза. Тоа е добро субвенционирање и ќе ни попмогне бербата да ја завршиме како што треба. Ланската година немавме субвенции„ изјави Атанас Ангеловски, еден од поголемите производители на модри сливи во Пијанечкиот регион.

Откупот на модрата слива се уште не е почнат, но според најавите истата во откупните центри ќе се откупува по 10денари за килограм. Оваа цена за производителите е неисплатлива, ако се земат во предвид трошоците што ги имаат.

Реклама

  „Пошто сите  трошоци се зголемени. Цената на препратите за заштита е зголемена, прихрана, нафтата исто, а работната рака не само што ја нема, но и многу е скапа„ изјави Атанас Ангеловски, производител на модра слива.

Разликата до 14 и 15денари за килограм земјоделците ќе ја добијат веднаш по завршувањето на бербата со цел да се компензираат трошоците, но и да се стимулираат производителите. Во делчевско-беровскиот регион се очекува да бидат собрани околу 2,500тони модри сливи. Инаку поради сушата и врнежите од град  во периодот кога се формираше родот, сливата е со лош квалиет и се очекува целата да биде наменета за индустриско производство. Минатата недела ресорниот министер најави дека се во прегвори поголема количина на модра слива да биде откупена од откупувач од соседна Србија.