Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Надлежните ги ловат дрвокрадците кои дрско ги пустошат шумите

Ова не е сцена од акционен филм, туку реална акција при бркање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова не е сцена од акционен филм, туку реална акција при бркање на дрвокрадци кои со месеци ја пустошат планината Плачковица, од радовишка страна. Видео снимката е направена вчера и на социјалните мрежи ја објави Кире Михаилов, заменик директорот на Национални шуми.
Во заедничка акција со Шумската полиција од Скопје, на лице место фатени се дрвокрадци. Одземени се две моторни возила и моторна пила, а против сторителите ќе бидат поднесени кривични пријави. Дрвокрадците дејствуваат организирано. Тоа се изолирани групи кои со патнички возила и моторни пили ја пустошат дрвната маса веднаш до патиштата.

„Крадат дрвна маса која е блиску до патот, го уништуваат она што секој граѓанин го гледа. Ако тргнете по патот од Радовиш кон Плачковица, ќе видите дека се е сечено покрај патот. Гранки има на самиот асфалт. Не влегуваат бидејќи е мокро и има снег. Не се подготвени, со патнички моторни возила се, не се со камиони“ изјави Кире Михаилов, заменик директор на Национални шуми.

Статистиките покажуваат дека во 2024 од дрвокрадци се запленети над 40.000 метри просторни дрвна маса, а поднесени се 211 пријави против познати сторители. Причинетата штета се проценува на околу 22,6 милиони денари. Лани во неколку координирани акции, беа разбиени организирани групи кои сериозно пустошеа по охридско-струшкиот и кичевскиот регион.

Реклама

„Само во охридско-струшкиот регион, имаме земено преку 30 камиони. Таму има и притвори и затворски казни, во однос на дрвокрадството. Минатата година имавме една од најголемите акции во Македонија, тоа беше акцијата во Кичевско. Во акцијата со ЕБР, беа одземени четири трактори, два камиони и беа приведени девет луѓе“ изјави заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов.

И покрај заплените, дрвокрадството е сериозен проблем што предизвикува големи штети врз природата. Во 2023 се запленети над 38 илјади просторни метри дрвна маса, со штета од околу 24 милиони денари. Иако се поднесени 259 пријави против познати сторители, во 2585 случаи сторителите останале непознати.