Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Над четири илјади оброци бадников посен оброк поделени во Кавадарци 

Над 4.000 оброци беа поделени денеска во Кавадарци во рамки на манифестацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 4.000 оброци беа поделени денеска во Кавадарци во рамки на манифестацијата за делење бесплатен бадников посен оброк, што годинава по петти пат се реализираше во централното градско подрачје. Свештено лице присутно на настанот рече дека целта е да се израдуваат сите луѓе и да се покаже како вистински христијани, како треба во дела да се прославува нашата света православна вера. 

– Ова е голем ден, петти пат заедно со општествено одговорни фирми и други субјекти ја реализираме оваа манифестација. На немоќните, оброк ке им биде доставен во домашни услови, рече градоначалникот Митко Јанчев во своето обраќање пред присутните на градскиот плоштад. 

На настанот беше потсетено дека станува збор за идеја на готвачот Горан Филипов, што ја реализира локалната самоуправа. 

Реклама

Јанчев рече дека расте интересот за оваа манифестација, кај населението и кај општествено одговорни компании. 
Претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов упати благодарност до сите субјекти што се вклучуваат во организацијата на оваа манифестација. Тој посака среќа за сите.

Филипов откри дека во подготвувањето на оброците се вклучиле готвачи од Кавадарци и цела држава. Најмладиот имал 15 години, најстариот бил на 65-годишна возраст.