Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Над 5.000 прилепски основци се вклучија во еко-акцијата „Генералка час“

– Повеќе од 5.000 ученици од десетте основни училишта во Прилеп денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Повеќе од 5.000 ученици од десетте основни училишта во Прилеп денеска се приклучија на еколошката акција „Генералка викенд“, која оваа година се реализира под мотото „Генералка час“.

Учениците од утринските часови активно ги чистеа училниците, училишните дворови, спортските сали и останатите училишни простории, со цел создавање почиста и поздрава средина.

-Освен собирањето на сметот и чистењето на училишната средина, прилепските ученици имаа и еко-активности создавајќи еко-пораки за заштита и зачувување на животната и работната, односно училишната средина. Дел од учениците денеска си ја завршија својата обврска, а некоии утре ќе ги заокружат активностите, вели Гоце Бумбароски, советник за млади при прилепската локална самоуправа. 

Реклама

Прилеп по петти пат се вклучи во националната еколошка акција „Генералка викенд 2026“, испраќајќи силна порака за важноста од заштитата на животната средина и создавањето на почиста и поздрава околина за сите, соопштуваат од локалната самоуправа.

Паралелно со тоа, екипите на ЈКП „Комуналец“, со соодветна механизација, деновиве интензивно работат на расчистување на повеќе локации со диви депонии во околината на градот.