Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Над 5 000 мотоциклисти на претстојниот 8. Меѓународен мото-фестивал во Куманово

Повеќе од 20.000 посетители и над 5.000 мотоциклисти од земјава и странство очекуваат организаторите на осмото меѓународно издание на  мото-фестивал што ќе се одржи од 12 до 14 јуни на спортскиот аеродром „Аџитепе“. Од мото клубот „Мечки“ денеска на прес-конференција информираа дека подготовките за фестивалот се во завршна фаза и најавија дека годинешнава  програма ќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 20.000 посетители и над 5.000 мотоциклисти од земјава и странство очекуваат организаторите на осмото меѓународно издание на  мото-фестивал што ќе се одржи од 12 до 14 јуни на спортскиот аеродром „Аџитепе“. Од мото клубот „Мечки“ денеска на прес-конференција информираа дека подготовките за фестивалот се во завршна фаза и најавија дека годинешнава  програма ќе биде најбогата досега. Столе Јакимовски, потпретседател и член на мотоклубот изјави дека фестивалот со текот на годините прераснал во препознатлив настан не само во државата, туку и во регионот и пошироко во Европа.

– Клубот годинава одбележува 18 години постоење. Од година во година посетеноста на фестивалот расте и се стремиме кон уште поквалитетна организација и побогата програма. Очекуваме рекордна посетеност и најмалку 5.000 мотоцикли – рече Јакимовски.

Тој најави дека фестивалот ќе почне на 12 јуни со вечерна музичка програма, додека на 13 јуни ќе се реализираат бројни активности наменети за сите генерации. Од клубот посочија дека годинава ќе настапат бендови од повеќе европски држави, меѓу кои од Шпанија, Италија и Србија, како и домашни авторски и локални и странски рок-бендови.

Реклама

Секретарот на клубот, Давор Петрушевски информираше дека се очекува присуство на гости од повеќе држави од регионот и Европа, меѓу кои Бугарија, Грција, Словенија и Австрија. Организаторите потсетија дека групата „Ван Гог“ има снимено песна посветена на мото клубот „Мечки“, која, како што истакнаа, прераснала во своевидна бајкерска химна и ќе биде претставена и на фестивалот. Од клубот упатија благодарност до поддржувачите и спонзорите на манифестацијата, меѓу кои Општина Куманово, Министерството за култура и туризам, Здружението на коледари и повеќе компании и поединци од Куманово. Во пресрет на фестивалот, организаторите апелираа до младите мотоциклисти и учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила, да користат заштитна опрема и одговорно да управуваат со мотоциклите за настанот да помине безбедно и во најдобар ред.