Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Свет

Над 40 загинати и околу 200 повредени за време на погребот на Касим Сулејмани

Стампедо избувна денеска на погребната поворка за убиениот ирански генерал Касим Сулејмани,…

Сподели:

Стампедо избувна денеска на погребната поворка за убиениот ирански генерал Касим Сулејмани, при што загинаа повеќе од 35 лица, а беа повредени околу 200, објави иранската државна телевизија.

Стампедото се случило во Керман, родниот град на Касим Сулејмани, веднаш на почетокот процесијата.

На видеата објавени на интернет се гледа како безживотни тела лежат на улица, а други панично викаат и се обидуваат да им помогнат. Поворката во Техеран привлече над 1 милион луѓе во иранската престолнина, преполнувајќи ги главните автопати и споредните улички во Техеран.

Реклама

Рано изутрината, пред да пристигне ковчегот со телото на Сулејмани, лидерот на Иранската револуционерна гарда се закани дека ќе ги „запали“ сите места што ги поддржале Соединетите Држави во убиството на генералот, што ги предизвика присутните да извикуваат „Смрт за Израел!“.

Во својот говор во Керман, првиот човек на иранската револуционерна гарда, ги величаше подвизите на Сулејмани, нагласувајќи дека сега, како маченик, генерал Сулејмани претставува уште поголема закана за непријателите на Иран.

Иранската влада ја прогласи американската војска за терористичка организација, пренесува Си-ен-ен повикувајќи се на иранската агенција ИРНА. Сите американски војници ги сметаат за терористи.

Претходно истата влада го прогласи убиството на генералот Касем Сулејмани за државно спонзориран тероризам од страна на САД.

Локалните медиуми јавуваат дека ирански пратеници денес прифатиле закон кој вели дека целиот пероснал на Пентагон, сите поврзани компании, институции, агенти и команданти сега се сметаат за терористичка организација.

Како што јавува агенцијата Фарс њуз, со истиот закон парламентот ѝ дал на Републиканската гарда 200 милиони евра за да го одмазди убиството на Касем Сулејмани.

Според денешните извештаи од Иран, официјален Техеран работи на 13 планови за одмазда за убиството на Сулејмани. Во извештајот се цитира Али Шамхани, секретар на Врховниот совет за безбедност на Иран, кој рекол дека дури и најблагиот меѓу нив би бил „историски кошмар“ за САД. Тој одбил да даде детали.

„Ако американските војници не го напуштат нашиот регион доброволно и исправено, испраќаме отворена порака до нашите непријатели ќе се одмаздиме ќе запалиме се што сакаат ако направат само уште еден потег…..ние ќе сториме нешто за да ги изнесеме нивните тела хоризонтално“, рекол Хосеин Салами.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф рече дека САД одбиле да му дадат виза да отпатува во Њујорк на претстојните состаноци во Обединетите нации. САД како домаќин на седиштето на организација на обединетите нации треба да им овозможат на странските функционери да присуствуваат на вакви состаноци.

„Ова е затоа што се плашат дека некој ќе отиде таму и ќе му ја каже вистината на американскиот народ“, рече Зариф. „Но грешат. Светот не е ограничен на Њујорк. На американскиот народ може да му зборувате и од Техеран и тоа ќе го сториме “.

Медиумите објавуваат дека погребот на иранскиот генерал Касим Сулејмани ,сепак е одложен поради метежот на погребната поворка
Во извештајот не е наведено за кога е одложен.

Симона Србиноска