Реклама
Прилози

Над 300 испитани сведоци, 68 осомничени: За 10-тина дена се очекува завршување на истрагата за трагедијата во Кочани

Над 300 сведоци, илјадници документи, 68 осомничени луѓе и три фирми –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 300 сведоци, илјадници документи, 68 осомничени луѓе и три фирми – за десетина дена треба да заврши истрагата за големата трагедија во Кочани во која живи изгореа 62 млади животи. Кон средината на Јуни обвинителите ќе решат дали за сите 68 ќе има обвинене и за што ќе се гонат. Првиот човек на републичкото Обвинителство, Љупчо Коцевски соопшти дека се работи за многу обемна истрага, која во моментов е во сензитивна фаза, но сепак за брзо очекува нејзино финиширање.

-Се надеваме за 10тина дена треба да заврши истрагата, со тоа што после ќе има увид одбраната и некаде таму во средината на месец јуни се чека јавнообвинителска одлука. Засега толку можеме, со оглед дека и во моментов се распрашуваат и вчера и денеска и секој ден одредени сведоци, осомничени, се прибираат докази, изјави Коцевски.

Обвинителите работат со планираната динамика, секојдневно прибираат докази и испитуваат сведоци и можни осомничени. Коцевски вели дека бројката на луѓе што би се гонеле за случајот сепак може да се зголемува, според тоа како би пристигнувале евентуални нови докази.

Реклама

-Можеби бројка над 300, со тоа што се надевам дека јавните обвинители ќе ја завршат постапката онака како што е предвидено по динамиката. Во моментов јавните обвинители околу прибирање на докази, доколку евентуално од тое докази произлезе нешто друго за нови осомничени, нови дејствија истрага ќе се прошири без разлика дали во овој момент или понатаму, изјави Коцевски.

Премиерот Мицкоски вели дека тој и Владата секојдневно се во комуникација со семејствата на засегнатите од оваа трагедија, и најави дека ќе продолат да се гледаат, да разговараат и да им помагаат на повредените. Во исто време повторно го повика обвинителството  да ги преиспита сите случаи во минатото кои како што рече беа заташкани, а меѓу нив се случаите во модуларната болница во Тетово, потоа Ласкарци, Беса транс.

-Ние сакаме да ги почитуваме законите и Уставот, не сакаме да работиме дивјачки како што некој тоа го правеше во минатото. Апсолутно додека јас сум премиер ви гарантирам правда за секого, нема граѓани од прв и втор ред, сите сме исти пред законите и Уставот. Секој кој што има има најмала вина, вклучително и јас да биде одговорен, без разлика од која политичка партија доаѓа, изјави Мицкоски.

Опозициската СДСМ пак во Собранието повторно со исти потези – реши по втор пат да го поднесе предлог законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката Пулс, но овој пат по редовна постапка. Координаторот на нивната пратеничка група Оливер Спасовски кажа дека сакале да испратат јасна порака дека ова не е политички, туку човечки закон.

Матеја Петровски