Реклама

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Прилози

Над 2000 нови случаи на болни од грип

Грипот  коси. За една недела пријавени се 2062 нови случаи,  а  двајца…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грипот  коси. За една недела пријавени се 2062 нови случаи,  а  двајца пациенти починале од компликации. Најмногу заболени во Скопје. Најпогодени се децата.

„Во однос на возрасната дистрибуција, 1.274 лица биле на возраст од 15 до 64 години. Вкупно 279 биле деца на возраст до четири години, над 65 години биле 266 лица, а 243 биле деца на возраст од 5 до 14 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години.“– се вели во извештајот на ИЈЗ.

Според извештајот, податоците укажуваат на намалување на процентот на заболени за 11,2% во споредба со минатата недела, но во споредба со истиот период лани, годинава  има двојно повеќе заболени. 

Реклама

„ Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10% шест недели со ред. Согласно овие податоци, во Македонија има висок интензитет на вирусот на грип.“– се вели во извештајот на ИЈЗ.

Од Институтот за јавно здравје апелираат на почитување на општите превентивни мерки како избегнување на големи собири  и затворени простории со многу луѓе, редовно миење на рацете, проветрување на просториите и одржување на здрав животен стил. Лицата со симптоми се препорачува да останат дома и веднаш да се јават кај матичен лекар, а кај ризичните категории при секое влошување на состојбата итно да се побара лекарска помош. Заклучно со третата недела, вакцинирани се 79.078 лица, а од ИЈЗ повторно апелираат вакцинацијата да се искористи како најефикасна заштита, особено кај ризичните групи.