Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Над 200 камионџии заглавени поради проблемите со патните исправи

Камионите на над 200 професионални возачи во државата во моментот се принудно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камионите на над 200 професионални возачи во државата во моментот се принудно паркирани. Толкав е бројот  на транспортери  кои поради настанатиот хаос со патните исправи не можат да излезат  и возат во земјите низ Европската Унија. Сепак, според претседателката на Асоцијацијата „Макам-транс„ ова не е конечниот број, бидејќи возачите допрва се враќаат дома..

   „Прашавте колку броиме. Никогаш не се знае, бидејќи луѓето се низ цела Европа и тек се собираат. Но и за овој краток период имаме над 200 возачи коишто се соочуваат со тоа. Над стотина веќе се сликале, не ги добиле или допрва ќе се сликаат. Еве за сообраќајните се изнајде начин да има меѓународни дозволи, значи чекор по чекор се работи„ изјави Билјана Муратовска, претседател на Асоцијацијата на транспортери„ Макам-транс„.

За државата да не се соочи со празни рафтови и недостаток од увезена стока, транспортната асоцијација Макам-транс  на 13февруари до МВР достави допис во кој бара на сите професионални возачи да им се овозможи приоритет во издавањето на потребните документи. Списоците веќе се изготвуваат, а за транспортерите ќе има „брза трака„

Реклама

  „Ќе биде формиран список од страна на двете здруженија, за возачи кои се професионални, кои имаат сертификат. Тој список ќе биде доставен до министерството, а потоа ќе го препратиме до МВР, за веднаш да бидат издадени оние пасоши, а оние кои што треба да се фотографираат веднаш да бидат повикани„ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Двете национални траснспортни асоцијации и транспортни компании  кои денеска во Штип остварија работна средба со министерот Бочварски, се пожалија дека веќе трпат загуби, но засега не можат да кажат колкави се штетите по настанатиот хаос со патните исправи.