Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Националната земјоделска мрежа инсистира на итна средба со откупувачите на тутун под медијаторство на МЗШВ

    Максимално загрижени за колкава цена ќе им биде откупена годинашната тутунарска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

    Максимално загрижени за колкава цена ќе им биде откупена годинашната тутунарска пот, македонските тутунари се консолидираат. Под капата на новоформираната Национална земјоделска мрежа, повеќе тутунски здруженија од цела земја, инсистираат на итна средба со 10-те откупувачи, под медијаторство на ресорното Министерство. Целта е непосредно да се договорат – сегашните 5 евра за кг откупен тутун да се зголемат на 10 евра.

   „Како тутунари ние сме ставени во една незавидна ситуација. Заради сето тоа, ние мораме да си го кажеме нашиот став и ќе си го браниме ставот до крај. Значи, тутун за 5 евра веќе не може да се произведува. Ако сакаат тутун во Македонија да се произведува, цената наша во овој момент е 10 евра“, – изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.

  Каракашев вели дека доколку ова не им се прифати од страна на повиканите, ќе биде упатен апел до сите тутунари, родот да не го предаваат барем додека тоа им го дозволува законската рамка како краен рок за предавање на тутунот.

Реклама

   „Треба да се разговара, да си ги соочиме аргументите и фактите, да ги слушнеме аргументите на откупните фирми, да ги кажеме нашите аргументи, па може ќе се најде некое решение“, – појаснува Каракашев.

   „Доколку нема слух кај откупувачите за поткревање на цените, тогаш Владата да го задолжи Тутунскиот комбинат, чиј сопственик е Владата, да изврши интервентрен откуп на некој начин, и така да ги принудиме приватните откупувачи да ги подигнат цените“ – кажа Васко Јосифовски, тутунопроизводител од ТЗ „Тутунска надеж“ од Могила.

   Тутунарите сметаат дека не е решение да се бојкотира откупот, туку од интерес и на државата, а и на тутунарите е час поскоро да се постигне договор и откупот да си започне на 15-ти декември.

    Инаку, годинашното прозводство е двојно помало од лани, а откупните цени се на ланското ниво, што за тутунарите е катастрофално. За постестување, минатата недела, откупувачите на средбата со Сојузот на земјодески здруженија не покажаа никаков слух за барањата на тутунарите, по што претставниците на Сојузот демонстративно го напуштија состанокот во Министерството за земјоделство.

  Каролина Дурло