Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Национална мрежа: Потребна е ефикасна заштита од семејно насилство

За да се спречи семејното насилство и да бидат згрижени повеќе жртви…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да се спречи семејното насилство и да бидат згрижени повеќе жртви потребните се седум милиони евра. Оваа сума на пари се потребни за сите сервиси  на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство да  можат да функционираат и  да згрижат повеќе жртви но  и да се искористат сите услуги  кои им се потребни. Најголем дел од овие средства недостасуваат за функционирање на шелтер центрите, советувалиштата за психолошка помош и бесплатната правна помош. Голем проблем претставува и недостигот на центри во руралната средина посочија од Националната мрежа. Жртвите на семејно насилство бараат поголем број на Шелтер центри.

„Досега се издвојуваат релативно малку средства а пресметката која што ја направивме по сценарио дека постепено ќе ги воведуваме сервисите, меѓутоа идејата е за три најдоцна за три години од сега 2026-2027 да се воспостави целосна инфраструктура значи целосна мрежа“, изјави проф.Катерина Шалкова Коцевска-Правен факултет.

Од Националната мрежа велат дека ако сакаме да воспоставиме целосно функционален систем треба да се  направи една национална СОС линија, десет упатни центри за жртвите од силување, најмалку 28 засолништва, 19 советувалишта и бесплатна правна помош.

Реклама

„Психолошката поддршка е клучна и за жените и за нивните деца. Она што во моментов не се случува е што во нашите шелтер центри не постојат психолози кои што работат на редовно ниво континуирано. Значи жените кои што се сместуваат во шелтер во овој момент добиваат само кров над глава и јадење“, изјави Елена Димушевска извршна директорка на Национална мрежа против насилство.

Од Националната мрежа посочуваат дека час поскоро треба да се реагира од страна на државните институции за да се обезбедат средствата а со тоа и да се задоволат потребите на жртвите. Анализата која што тие  ја направија  и дава  на државата предлог како во следните три години да се воспостави систем и според законите но и според Истанбулската конвенција за жртвите  од секаков вид на насилство.