Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

На штипскиот универзитет меѓународна конференција за унапредување на студентската и академската мобилност, како и развој на нови образовани и истражувачки програми

На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од денеска до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од денеска до 25 март ќе се одржува меѓународниот настан ACE²-EU Stakeholder Engagement Workshop. Станува збор за тридневна работилница во рамки на европската универзитетска алијанса ACE²-EU, насочена кон унапредување на студентската и академската мобилност, како и развој на нови образовни и истражувачки програми.

Како што информираат од штипскиот универзитет, преку интерактивни сесии, учесниците ќе разменуваат искуства, ќе ги анализираат предизвиците и ќе креираат конкретни препораки за подобрување на мобилноста и учеството во европски академски иницијативи.

На настанот ќе присуствуваат студенти, универзитетски професори, институционални координатори од осумте партнерски универзитети во Европа, како и претставници на релевантни организации и локални чинители.