Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

На Плаошник наречение на новиот архијереј Дебарско-кичевски Георгиј, хиротонијата утре во „Света Софија“

Во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид денеска на Петровден со почеток во 17:00 часот, ќе биде извршено наречението на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј.

Хиротонијата и востоличување на новиот митрополит Георгиј, ќе биде утре на Божествена литургија во Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

МПЦ-ОА ги повикува верниците да дојдат во Охрид и молитвено да учествуваат во овие, како што посочуваат, големи и бележити настани на нашата света црква.

Реклама

Светиот архијерејски синод МПЦ-ОА, на својата редовна седница во полн состав, на 12 јуни годинава едногласно го избра архимандритот г. Георгиј (Ѓорѓевски) за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, како налседник на блажено упокоениот митрополит Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија остана без прв човек откако минатата година во ноември по кусо боледување на 73 години почина тогашниот митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Отец Георгиј беше единствен кандидат за оваа висока црковна позиција, кој на празникот Педесетница доби ново унапредување во монашки чин – игумен на церемонијата одржана во соборниот храм „Свети Климент Охридски“. Произведувањето го изврши архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Отец Георгиј, поранешниот декан на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски, се замонаши на 27 мај годинава, на 28 мај беше произведен за јероѓакон, а на 29 мај беше избран за јеромонах.

Митрополитот Георгиј е роден во Скопје во 1968 година. Завршил богословски студии во Скопје, а магистрирал и докторирал во Рим, на Папскиот универзитет „Грегоријана“. Има богато академско и црковно искуство, вклучувајќи и дипломатска служба како амбасадор на Македонија при Светата Столица. Автор е на неколку книги и научни трудови, а активно учествува во преведувачки и издавачки проекти на Светото писмо.