Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

На пазар и во маркет скапо во пресрет на празниците, празничната трпеза ќе биде најскапа досега

Многу скапо и скромно во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. Граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Многу скапо и скромно во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници. Граѓаните се жалат дека цените и натаму дивеат, особено периодов кога наближуваат празниците кои по традиција налагааат трпезата да биде богата….. Но годинава, тоа ќе биде тешко остварлива желба за поголемиот дел граѓани кои се жалат дека евај крпат крај со крај….

Алфа направи пресметка колку би чинела традициналната празнична софра. За на маса да се стави по нешто, како јагнешко, шопска салата, некој пијалак, па и благо, ќе треба да се издвојат повеќе од 150 евра за едно просечно семејство. Тоа за граѓаните преставува сериозен предизвик како да се помине овој тежок прериод.

Не му е тешко само на обичниот граѓанин. И стопанствениците се жалат дека дека го чувствуваат ударот. Згора на се тие останаа и без конкретна помош од државата во последниот антикризен пакет на мерки. Дел од бизнисмените предупредуваат дека инфлацијата и натаму е сериозен проблем кој мора да се решава со сериозни политики.

Реклама

Трговците на зелените пазари и годинава останауваат доследни на својата традиција, па така останатото овошје и зеленчук, поскапо од вообичаено им го подметнуваат на потрошувачите. Покрај пазарите, и маркетите се полни со зеленчук и овошје, но се купува симболично, колку да се стави нешто на маса. Скромно или богато, многу или малку, важно да се поминат празниците, велат граѓаните, кои реагираат дека постојаното поскапување на се, тешко дека ги следи платите кои никако да мрднат од мртва точка.

Борис Грујоски