Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

На матичната Комисија помина одлуката за коефициентите за пресметка на платите на функционерите

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска на седница едногласно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска на седница едногласно ја донесе одлуката за определување на коефициентите за утврдување на плата на претседателот на Македонија, на пратениците во Собранието на Македонија и на функционерите што ги избира и именува Собранието на Македонија. 

Во согласност со оваа одлука, коефициентот за утврдување плата на претседателот на држвата, на претседателот на Собраниетото и на претседателот на Владата е 3,17, потоа на потпретседателот на Собранието, претседателот на Уставниот суд, на главниот државен ревизор на Државниот завод за ревизија и на директорот на Оперативно-техничката агенција – 2,81.

Коефициентот за пресметка на плата на претседател на работно тело, комисија на Собранието, претседател на Комитетот за односи меѓу заедниците, претседател на Националниот совет за евроинтеграции, координатор на пратеничка група во Собранието е 2,60, а на пратениците 2,45.

Реклама

Платите на член на македонската Влада, како и на министер што раководи со министерство, ќе се пресметува по коефициент од 2,60.

– Во врска со оваа точка, сакам да ве известам дека Собранието на Македонија на седницата одржана на 25 февруари 2026 година ги донесе следниве закони: Закон за изменувањето на Законот за пратениците, Закон за изменувањето на Законот за платата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Македонија, Закон за изменувањето на Законот за платите на судиите, Закон за изменувањето на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Македонија, Закон за изменувањето на Законот за платите на јавните обвинители и Закон за изменувањето на Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители на Македонија. Според Законот за изменувањето на Законот за платите и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, „Службен весник на Република Македонија“ број 39/26, коефициентите за утврдување на надоместок на плата и на платата се намалуваат и изнесуваат од 1,54 до 3,17. Во Законот за изменувањето на Законот за пратениците, „Службен весник на Република Македонија“ број 39/26, коефициентите на платите на пратениците се намалуваат и изнесуваат од 2,45 до 3,17. Комисијата треба да донесе одлука за определување на коефициентите за утврдување плата на претседателот на Македонија, на пратениците во Собранието на Македонија и на функционерите што ги избира и именува Собранието на Македонија – истакна претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајковски, во објаснувањето на одлуката.

Тој напомена дека коефициентите утврдени со членовите од овие закони ќе почнат да се применуваат со исплата на платата за февруари 2026 година.

Членовите на Комисијата, без расправа, едногласно ја донесоа одлуката.