Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

На Академијата не и се зборува за обидот на власта да си „вдоми“ 100-тина идни судии и јавни обвинители

Закон или желбите на Владата ?  Дали раководството на „ Илинденска“  се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Закон или желбите на Владата ?  Дали раководството на „ Илинденска“  се брза да протне уште 100тина- свои обвинители и судии пред да ги напушти фотељите со писменото полагање на приемниот испит, наместо електронски, како што изрично налага законот?  

Владата не избра фирма која треба да го спроведе испитот електронски, па смисли „ итно решение“ на проблемот – деветтата генерација,  од 130 кандидати за судии и јавни обвинители, да полага приемен  писмено . Дали академијата дефинитивно ќе ја послуша Владата или ќе бара друго „чаре“ како што си налага законот, одговор нема , а директорката Наташа Габер наместо конкретно објаснување ни кажа да ја следиме нивната веб страна :  

Со цел информацијата да биде точна, ве молам следете ја страницата на Академијата , ќе известиме благовремено, информираше кратко директорката

Реклама

Според она што стои на страната на Академијата во моментот , испитот ќе се полага  од 22 до 26 јануари  по писмен  пат во хартиена форма, а резултатите ќе се објават на 5-ти февруари .  Оваа нова временска динамика се носи  по заклучокот од Владината седница одржана на 26-ти декември по барањето на академијата да најдат итно интервентно решение. Ако кандидатите не полагаат алектронски, останува опасноста од „местенки“ при одговарањето на прашањата во испитот.

Како Владата распишува тендери за се и сешто , ама не успеаа да изберат фирма која ќе го спроведе електронското тестирање , и тоа е нејасно . Прашавме и во Влада и во Министерство за информатичко општество и администрација: до каде е постапката и кои се други институции се загрозени со ова, но и од таму молк . Единствено до сега што е јавно објавено е записот кој е испратен до академијата за спроведување на испитот :

„Се задолжуваат сите институции кои имаат потреба за одржување на електронски испит, истиот да го спроведат во хартиена форма, со електронски читач без човечки фактор, до завршување на тендерската постапка во Министерството за информатичко општество и администрација. Се задолжува АСЈО читачот и образецот што ќе го поседуваат да го даде на располагање на сите институции на кои им е потребно заедно со лицето кое што е обучено за ракување“, пишува во дописот на Владата испратен до АСЈО, истиот ден по одржувањето на седницата, стои во дописот до академијата

Инаку, електронското тестирање се спроведува согласно новиот закон за Академија за судии и јавни обвинители кој се изгласа на 14 јуни 2023 , а тогаш Министерството за правда се фалеше дека обезбедиле воедначување на судската пракса, а со редифинирање на начинот за полагање на приемен и завршен испит со објективност. За истиот добивме ретки позитивни оценки во скрининг извештајот од Европската комисија.