Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

На аџилак и годинава ќе заминат 2.020 муслимански верници од нашата земја, највозрасниот 75-годишен

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Годинава на аџилак и во посета на светите муслимански места, од нашата земјава, ќе заминат над две илјади верници, што е идентична бројка со минатата година, изјави Ирсaл Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница.

-Бројката е пополнета согласно квотата што ја одреди Министерството за хаџ на Саудиска Арабија и годинава ќе има 2.020 верници од земјава, кои ќе патуваат кон светите места, иако беа пријавени повеќе. Бројката е идентична како и минатата година.  Верниците ќе патуваат од 14 до 21 мај, со  авионски чартер летови, додаде Јакупи.

Во однос на возраста, според него, годинава оние кои патуваат на хаџ припаѓаат на помладата генерација, а највозрасниот е 75-годишник. Цената за аранжман за Хаџ е 6.700 евра, што е повисока за 250 евра споредено со минатата година.

Реклама

Големиот празник Курбан Бајрам, годинава се паѓа на 6 јуни и секогаш се слави четири дена. 

Аџилакот служи за да ги потсети муслиманите дека сите се еднакви во очите на Бог – Алах. Ова е петтиот столб на Исламот и го рекреира патувањето на пророкот Мухамед во 632 година. Има за цел да ги зближи муслиманите од сите националности, чистејќи ги од гревовите и приближувајќи ги до Бог.