Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

На 2 и 3 април кочанската библиотека„Искра“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на книжевноста за деца

Под мотото „Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Другарувањето со книгите ни е песна – Фестивал на децата, книгите и музиката“, ЈОУ Библиотека „Искра“ од Кочани на 2 и 3 април ќе биде домаќин на серија настани посветени на Меѓународниот ден на книжевноста за деца. Програмата вклучува разновидни содржини што ги обединуваат литературата, уметноста и едукацијата.

Фестивалот ќе биде свечено отворен на 2 април во 11 часот во Мултикултурниот центар, со музички композиции во изведба на учениците од кочанските основни училишта и читање на меѓународната порака за празникот. Еден од централните настани ќе биде промоцијата на книгата „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски, добитник на книжевна награда „Оливера Николова“ за 2025 година. Книгата ќе ја промовира Весна Мојсова-Чепишевска.

Во текот на денот, во просториите на библиотеката ќе се одржуваат ликовно-креативни работилници за децата од градинката „Павлина Велјанова“, како и едукативна работилница за богатото културно наследство на Кочанскиот регион. Првиот ден ќе биде заокружен со промоција на книги за деца од авторката Оливија Георгиевска, што ќе започне 17.30 часот.

Реклама

Вториот ден од фестивалот започнува со хуманитарен и инклузивен карактер со посета на изложбата од лицата со телесна и интелектуална попреченост од Дневниот центар во Кочани. Програмата ќе продолжи со промоција на наградената книга „Илина и тајните на Бабин заб“ од авторката Хана Корнети. Книгата што ја доби наградата на ДПМ „Ванчо Николески“, ќе ја промовира Симона Јованоска.

На 3 април ќе се одржи и средношколска дебата, книжевно-афористичка работилница, како и промоција на книги за деца и млади од авторот Дејвид Вилијамс. Промотор ќе биде Наташа Данчевска.

Библиотеката „Искра“ 15 години го одбележува Меѓународниот ден на книжевноста за деца, а 9 години со проектот Фестивал на децата, книгите и музиката, чиј координатор е библиотекар советник Магдалена Кочовска Салтирова.