Најфреквентната улица во Росоман добива легнати полицајци. Градоначалникот на општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека e зголемена безбедноста на улицата „Гоце Делчев“.
– Денес се поставуваат легнати полицајци на најфреквентната улица „Гоце Делчев“, на критичните точки долж улицата, со цел зголемување на безбедноста на пешаците и сите учесници во сообраќајот. Поставувањето се врши согласно Сообраќаен проект бр. 24/2024, изработен од „Априсити кнженеринг“ ДОО – Скопје, појасни градоначалникот.
Тој додаде дека станува збор за инвестиција што е целосна донација од нивни сограѓанин, за што во објавата изрази благодарност.

Градоначалникот истакна дека се продолжува со конкретни мерки за побезбедна и поуредна општина Росоман.
