Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

Најавените инфраструктурни зафати во Кочани се во тек, се решаваат децениски проекти

Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз модернизацијата на патната мрежа и подобрувањето на комуналната инфраструктура, со цел долгорочно да го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните и да го поттикне локалниот економски развој.

На врвот на приоритетите е почетокот на изградбата на Јужниот булевар, односно влезот во Кочани откај Грдовци, проект кој целосно ќе го промени сообраќајниот крвоток на градот.

Во тек се првите теренски активности за изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ – потег попознат како Јужен булевар, за влез во Кочани откај селото Грдовци.

Реклама

За оваа капитална инвестиција, Министерството за транспорт склучи договор во вкупна вредност од 117.414.152 денари (со вклучен ДДВ), а како изведувач на градежните работи е избрано штипското друштво за производство, трговија и услуги „ОСД Кирил“.

На потегот каде што ќе се гради булеварот, експропријацијата на приватните парцели е завршена со високи 99 отсто. Од вкупно 44 парцели, имотноправните односи се целосно расчистени за 43. На терен веќе е извршено исколчување на трасата, се сечат високостеблестите дрвја и интензивно се чисти вегетацијата.

Модерната сообраќајница ќе има вкупна должина од околу 900 метри, со четири сообраќајни ленти (по две во двете насоки); разделно средишно зеленило; два тротоара со ширина од по 2,5 метри, четири сервисни улици и кружен тек пред самата клучка. Рокот за комплетна изведба на овој крупен проект е 36 месеци.

Паралелно со булеварот, во Кочани активно се работи на уште неколку стратешки точки.

Новиот старечки дом – проект кој има огромно социјално значење за Кочани веќе ги помина почетните фази. Изведувачот „Фишер Тихи“ од кумановски Карпош заврши со колчење на парцелата и чистење на вегетацијата, со што теренот е целосно подготвен за почеток на градежните активности.

Процесот за експропријација за потисниот цевковод од Филтер станицата до Турските гробишта е при крај – од вкупно 16 парцели, успешно е завршена постапката за 12. Материјалот е пристигнат, се работи на ископ на трасата.

Активностите за изградба на мост кај „Вера Которка“ се поврзани со геотектонски испитувања на тлото, заради определување на длабочината на носачите на мостот.  Локацијата е веќе исчистена, теренот е целосно подготвен и наскоро се очекува старт на градежните работи.

На источниот влез во Кочани, на улицата „Тодосија Паунов“, екипите на „Жикол“ работат на поставување на атмосферската канализација. Изведувачот „Стоименов“ веќе го заврши поставувањето на рабниците за разделното зеленило.

Улицата „Бел камен“ е во завршна фаза на подготовка пред асфалтирање и наскоро на неа ќе биде поставен новиот асфалтен слој.

Со овие координирани инвестиции, Општина Кочани покажува јасна визија и посветеност во решавањето на сообраќајниот метеж, подобрувањето на водоснабдувањето и грижата за сите категории граѓани, велат од локалната самоуправа.