Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Најавена богата програма на годинашниот „Новогодишен базар“ во Крива Паланка

Незаборавни концерти, програма за радосни детски авантури, спектакуларни настапи на бројни изведувачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Незаборавни концерти, програма за радосни детски авантури, спектакуларни настапи на бројни изведувачи од земјата и регионот во празнична атмосфера за сите генерации најави Општина Крива Паланка во рамки на програмата на годинашното издание на „Новогодишен базар“.

Отворањето е на 27 декември, со концерт на Мирза Селимовиќ, а до крајот на програмата и годината, следува богата и разновидна дневна и вечерна културно-забавна програма за сите генерации.

-„Новогодишниот базар 2025“ ќе биде епицентар на празничните случувања од 27 до 31 декември, на градскиот плоштад во Крива Паланка. Во топлиот претпразничен амбиент под илјадници светилки Крива Паланка и оваа година ве поканува да бидете дел од најмагичната новогодишна приказна со незаборавни концерти, детски авантури, спектакуларни настапи и празнична атмосфера за сите генерации, велат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Реклама

На 28 настапуваат Љубојна и Тајзи, а 29 декември е резервиран за настапите на Пајак со Лара и Бени Шаќири со „Нон Стоп“, а до крајот на програмата ќе се организираат: дневна програма и базар со основните и средното општинско училиште, настап на ДЈ Барни, Грин – Џ, за најмладите следува новогодишната претстава „Мечето Панда и Дедо Мраз“ и „Ѓурчиновски шоу“, детска претстава „Дедо Мраз и изгубениот костум“, Елфовска авантура и последниот ден од декември: настап на „Распеанo Симитче“, ДЏ Бобо, новогодишно дефиле со маски и спектакуларно пристигнување на Дедо Мраз.

-Нудиме незаборавни мигови, богата програма и празнична магија за сите генерации во најмагичниот период во годината, кога сите патишта водат кон Крива Паланка, велат од општината, поканувајќи ги сите граѓани на Крива Паланка, но и на соседните градови и регионот, да бидат гости на градот и да создадат заедно мигови што се паметат.