Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најостро го осудува секое незаконско постапување и противправно дејствување, вклучително и последниот случај со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.

-Очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите и прописите на државата, се наведува во соопштението на Министерството.

Секое прекршување на законите, наведуваат од МЗШВ, користење на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано и секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност.

Реклама

-Нагласуваме дека никој не е над законот и дека борбата против корупцијата е врвен приоритет на Владата. За разлика од претходно кога СДСM и ДУИ беа на власт и ги штитеа своите високи владини и партиски функционери, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува неселективна правда, без оглед на функцијата, позицијата или политичката припадност, додаваат од Министерството.

Во соопштението потенцираат дека повеќе нема привилегирани и заштитени и оти ќе одговара секој, без исклучок.

-Ги охрабруваме земјоделците доколку во иднина се соочат со вакви работи, веднаш да пријават. Институциите функционираат и така ќе продолжат во иднина, транспарентно и одговорно во интерес на граѓаните и земјоделците се со цел заштитата на правниот поредок и владеењето на правото, нагласуваат од МЗШВ.

Министерството за внатрешни работи, под раководство  на јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција вчера спроведе акција поради сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.

Во акцијата, како што објавија медиумите, бил уапсен директор на државна институција, поради сомневање за примање мито, односно првиот човек на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев.

Претхгодно со реакција излезе и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која нагласи дека партијата доследно се залага за владеење на правото и целосна борба против криминалот и корупцијата, без разлика на политичката припадност.

-СДСM не може да сфати кога МВР ќе уапси актуелен директор, затоа што на бандата на Заев и Филипче несфатливо им е законот да важи неселективно и да се применува подеднакво за сите, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ. -Секој којшто го прекршил законот мора да одговара. Во однос на апсењето на директорот на Државниот инспекторат за земјоделство ја поздравуваме акцијата на МВР и ова е порака за сите дека Уставот и законите мора да се почитуваат. Очекуваме надлежните институции целосно да го расчистат случајот, а секој за кој ќе се утврди одговорност да одговара согласно законите. Во исто време, ја повикуваме јавноста да не подлегнува на непроверени и сензационалистички информации кои имаат за цел да нанесат штета на угледот на поединци и институции, нагласија од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската СДСМ, пак, преку соопштение наведе дека ова е само уште еден скандал во низата, „кој покажува дека криминалците во власта на ги крадат граѓаните, ги крадат земјоделците, и тоа на големо“.

-ИПАРД 3 програмата вредна 130 милиони евра беше суспендирана токму поради корупцискиот скандал на ВМРО каде директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој беше уапсен исто така за мито од 50.000 евра. Поради корупцијата на кадрите на Мицкоски и ВМРО во земјоделието нема пари за земјоделците во Македонија, реагираат од СДСМ.

Социјалистичката партија на Македонија, пак нагласи дека вчерашниот случај ја истакнува определбата за чесно и одговорно работење на сите органи и институции во државата.

-СПМ ги повикува надлежните институции да постапуваат според закон, одговорно и без селективност да ги преземаат сите активности во разоткривањето на кој било случај за кој постојат основани сомненија за сторен криминал или злоупотреба на службената должност. Почитувањето и примената на законот исклучува селективност или пристрасност и обезбедува праведност, наведоа од партијата.