Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

MWC 2026: Вештачката интелигенција преку „Дојче Телеком“ и за македонските граѓани

Вештачката интелегенција и технолошките сервиси поврзани со неа се во фокусот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелегенција и технолошките сервиси поврзани со неа се во фокусот на Дојче телеком на Дваесетото издание на најголемиот светски конгрес. AI очилата се хит, но не помалку и она што доживеа светска премиера. Интелегентно зборувањепреку кој било апарат без апликации, со паметен асистент и персонализирани услуги.

Мрежата станува побрза и уште побезбедна, а веќе се гледаат и контурите на индината со развојот кон 6 Г технологијата. Овие иновации носат вредност и за македонските корисници:

„Она што го гледаме денес на Светскиот конгрес за мобилна технологија, утре ќе биде реалност и за нашите корисници во Македонија. Глобалната AI стратегија значи конкретни и локални придобивки. Побезбедна и поотпорна мрежа. Поинтелегентни и персонализирани услуги, беспрекорна сајбер заштита и нови можности за бизнисите. Нашата цел е да ги донесеме сите глобални иновации во Македонија и за корисниците и за економијата. Тоа е вредноста што сме дел од „Дојче телеком“, изјави Горан Марковиќ, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

Реклама

Македонските корисници веќе добиваат пристап до решенија развиени и тестирани на глобално ниво. Амбициите на „Македонски телеком“ сепак се поголеми:

„AI ќе го направи корисничкото искуство поинтуитивно, поедноставно, и поперсонализирано. Нашите корисници веќе имаат дел од овие придобивки, како што е Magenta AI, комуникација со корисниците преку апликацијата Телеком МК итн..Нашата цел е секој корисник во Македонија да ги почувствува придобивките од глобалните AI иновации, преку побрза поддршка релевантни понуди и дигитални услуги што се приспособуваат на неговите потреби“, изјави Емилија Андоновска, Главен комерцијален директор за приватни корисници во Македонски телеком.

Припадноста на „Македонски телеком“ кон глобалниот бренд обезбедува долгорочни и стабилни инвестиции. Иновациите на „Дојче телеком“ ќе помогнат за побрза и поефикасна дигитална трансформација на општеството и бизнисите но и модернизација на јавниот сектор.