Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

МВР: Во мај годинава пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година – соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што информираат од МВР, најголем дел од кривичните дела се за „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на мај 2026 година пријавени се вкупно 191 кривично дело од семејно насилство што претставува зголемување од 70,5 отсто во споредба со истиот месец од претходната година – соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, најголем дел од кривичните дела се за „телесна повреда“ – 130 и „загрозување на сигурноста“ – 52 кривични дела. Посочуваат дека од потешките кривични дела во овој период извршено е едно убиство на подрачјето на СВР Битола и две тешки телесни повреди. А, најголем број од кривичните дела од семејно насилство во овој период се проијавени на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје – 62.  

-Во текот на минатиот месец, Министерството за внатрешни работи поднесе вкупно 137 кривични пријави. И во овој дел има зголемување од 71,3 отсто во однос на мај 2025 година. Мерки на кривичен прогон се преземени против 144 сторители, а како жртви на кривичните дела се 143 лица. Во овој период, по брза постапка поднесени се вкупно 18 кривични пријави, мерка притвор е одредена за 15 сторители, а за 48 лица се изречени мерки на претпазливост. Поднесените кривични пријави по брза постапка, споредбено со истиот месец од претходната година бележат зголемување за 800 отсто – посочуваат од Министерството.

Реклама

Од МВР соопштија дека во мај 2026 година регистрирани се вкупно 19 прекршоци, најчесто за „физички напад“ и „карање и викање“, како и 499 поплаки, од кои најголем број се на подрачјата на СВР Скопје и СВР Штип.