Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

МВР: Уапсен е 44-годишен маж што делумно ги опожари возилата пред бугарската амбасада во Скопје

Полицијата експресно уапси 44 годишен маж под сомнение дека ги опожарил двете возила пред бугарската амбасада. МВР соопшти дека веднаш по пријавата, која била примена во 12 часот и 13 минути биле преземени интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. „Во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата експресно уапси 44 годишен маж под сомнение дека ги опожарил двете возила пред бугарската амбасада. МВР соопшти дека веднаш по пријавата, која била примена во 12 часот и 13 минути биле преземени интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

„Во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје. Тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава во итна постапка“, се вели во полициското соопштение за случајот.

Инаку во пожарот нема повредени и за кратко време бил изгаснат. Владата и Министерството за надворешни работи остро го осудија инцидентот. Во реакцијата се наведува дека државата има капацитет и ќе одговори со сета сила и нема да дозволи поединци да го нарушат угледот на Македонија.

Реклама

„Ваквите дејствија претставуваат напад врз принципите на безбедност, дипломатските односи и меѓународното право и не треба да се случуваат во демократска држава. Сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или нарушување на безбедноста ќе биде санкциониран со максимална мера“, велат од Владата.

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски остварил телефонски разговор со бугарската колешка Велислава Петрова – Чамова, при што најостро го осудил инцидентот, информираат од македонскот МНР. Реагираше и бугарскто МНР.

„Овој последен напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор кој поттикнува омраза и недостиг на соодветна реакција од институциите во претходни слични случаи, кои создаваат чувство на неказнивост за сторителите“, велат од МНР на Бугарија.