Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

МВР распиша потерница по 18-годишникот што ја усмрти жената во Капиштец

МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој на 9 јануари со автомобил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој на 9 јануари со автомобил „фолскваген пасат“ прегази жена во Капиштец, избега од местото на настанот и ја напушти државата. Како што наведува МВР на официјалната фејсбук страница, се работи за Саит Саитов од Скопје.

-Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик, наведува МВР.

На 10 јануари јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишникот, а уште две лица се осомничени дека му помогнале по извршувањето на кривичното дело.  

Реклама

Саит Саитов го управувал автомобилот без да поседува важечка возачка дозвола. Со возилото удрил во Љуба Јаковлеска, која како пешак попречно го поминувала коловозот. Од ударот и падот на коловозот жената се здобила со тешки телесни повреди, а осомничениот без да и укаже помош веднаш го напуштил местото на настанот. Жртвата била префрлена во Ургентниот центар каде и покрај укажаната медицинска помош починала. Другите двајца осомничени, маж и жена, му помогнале на Саитов да ја напушти државата, пренесувајќи го со својот автомобил преку граничниот премин Табановце. Тие се лишени од слобода по враќањето во земјава и за нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Притворска мерка е побарана и за осомничениот возач кој е во бегство и за него притворот ќе почне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода.