Безбедноста на патиштата е еден од приоритетите на МВР. Освен системот „Сејф сити“ и камерите, несовесните возачи ги санкционира и полицијата, чие присуство е сè позабележително на терен.
Во месецот што изминува, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, издадени се вкупно 18.318 платни налози. Од нив, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Поради безобѕирно управување со возило, лишени од слобода биле 123 лица.
