Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

МВР официјално со детали: Поткупот од 50 000 евра најден под совозачкото седиште – приведен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

Полициски службеници го лишија од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници го лишија од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство В.А. (41) од Кочани, кој се сомничи дека примил поткуп од 50.000 евра како прва рата од вкупно побарани 100.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за кривичното дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.

Според информациите од МВР, осомничениот, во својство на службено лице, преку шпедитер индиректно побарал поткуп од сопственик на фирма што се занимава со увоз. Поткупот бил барањe за да се овозможи непречен увоз на стока за која биле наведени забелешки и наводна законска несогласност, за што бил изготвен и записник од Инспекторатот.

Побаруваниот износ од 100.000 евра требало да биде предаден во три наврати, 50.000 евра во првата рата и две последователни рати по 25.000 евра.

Реклама

Апсењето е извршено вчера, на 19 март кога било извршено примопредавањето на првата рата од 50.000 евра. Парите првично ги презел шпедитeрот, кој подоцна требало да ги предаде на В.А..

-По земањето  на парите од страна на В.А., преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени, се наведува во соопштението на МВР.