Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, осуммина возеле без дозвола, од кои еден малолетник

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои, осуммина управувале возило без возачка дозвола и тоа по двајца во Скопје, Прилеп и Гостивар, еден во Тетово и еден малолетник во Чашка – информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Еден возач во Неготино управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во неготинско предизвикал сообраќајна незгода возејќи под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави – се вели во соопштението од МВР.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.