Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Четири лица во Гостивар (еден малолетник) управувале возило без возачка […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи.

-Четири лица во Гостивар (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, три лица во Штип, (еден бил и под дејство на алкохол), две лица во Тетово (еден малолетник, ), две лица во Скопје, и по едно лице во Кочани, Прилеп и Дебар возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Виница и Гостивар управувале возило под дејство на алкохол – стои во соопштението од МВР. 

По целосно документирање на случаите, од МВР информираат дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Реклама

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.