– Полициски службеници на различни локации во државата во текот на изминатото деноноќие лишиле од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
-Од нив, осум управувале возило без положен возачки испит и тоа: А.А.(33) од Скопје, М.Д.(28) од с.Љуботен, скопско, Б.С.(43) од с.Брест, скопско, 34-годишната Г.А. од с.Врапчиште, гостиварско, С.С.(37) од с.Степанце, Општина Старо Нагоричане, Б.Ш.(40) од с.Рогле, Општина Желино, И.А.(45) од с.Чешиново, Општина Чешиново – Облешево и О.Ј.(44) од Штип. Под дејство на алкохол управувале три лица и тоа: Ј.С.(56) од Скопје Д.Р.(73) од Македонска Каменица и Р.Ј.(47) од радовишко, кој управувал и во спротивна насока. Со активна мерка забрана за управување на возило управувал П.К.(46) од Прилеп – информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

