Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

МВР: Левица имаат за цел да ја дезинформираат јавноста

Министерството за внатрешни работи искочи со соопштение во ги демантираат написите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи искочи со соопштение во ги демантираат написите на политичката партија Левица.

„Во врска со написите на политичката партија Левица, кои се однесуваат на изборот на правно лице кое ќе организира и спроведува возачки испити на подрачјето на СВР Битола, Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира истите, ценејќи ги како целосна шпекулација, со цел дезинформирање на јавноста.

Имено, во однос на постапката за избор на правно лице за добивање на лиценца за испитен центар Битола, информираме дека согласно соодветен Правилник во Министерството за внатрешни работи постои Комисија за разгледување на барањата поднесени по претходно објавен јавен конкурс. Согласно овој правилник, Комисијата врши оценување на правните лица, изготвува бодовна листа и ги одредува најдобро оценетите правни лица кои конкурирале.

Реклама

Изборот по објавениот конкурс беше изведен согласно пропишаните законски критериуми и норми а на јавниот конкурс беа пријавени „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола и Друштвото за услуги „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола.

Кандидатот за испитен центар „Сообраќаен испитен центар АМ’’ ДООЕЛ Битола НЕ ПРИЛОЖИЛ важечки договор за користење на сообраќаен автодром (полигон) во Подружница „Сообраќаен испитен центар АМ-пријавно место Ресен„ кој е еден од основните предуслови за функционирање на испитен центар, како резултат на што НЕ ГИ ИСПОЛНУВА условите за вршење на пропишаната дејност согласно член 244 став 1 алинеа 4 и став 2 алинеа 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и постојните подзаконски акти.

Тргнувајќи од законски пропишаните надлежности и одредби, Министерството за внатрешни работи, согласно член 240 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата го избра правното лице „Друштво за услуги Авто мото испитен центар супер возач’’ ДООЕЛ Битола, кое единствено ги исполнуваше законските услови и кое ќе ги извршува работите на организирање и спроведување на возачките испити на подрачјето на СВР Битола.

Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на своите законски обврски со цел овозможувајќи им на граѓаните квалитетни услуги, на целосно транспарентен начин, но истовремено апелира до политичките и други субјекти да не ја дезинформираат јавноста со шпекулации и невистини.“