Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МВР: Изминатите три дена 1 699 сообраќајни прекршоци, приведени 60 лица за безобѕирно управување на возило

Во текот на изминатиот продолжен викенд од 20 до 24 март 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на изминатиот продолжен викенд од 20 до 24 март 2026 година како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, регистрирани се 1 699 сообраќајни прекршоци и лишени од слобода се 60 лица за безобѕирно управување на возило, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Од вкупно 1 699 издадени платни налози, 476 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, додека од 60 лица лишени од слобода за безобѕирно управување на возило, 11 се за возење под дејство на алкохол, 17 за возење без возачка дозвола, шест поради претходно изречена забрана за управување на возило и еден поради возење во забранет правец.

Во истиот период одземени се 20 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

Реклама

Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатиот продолжен викенд евидентирани се 198 прекршоци за неправилно паркирање, како и 35 санкции за возење под дејство на алкохол.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 10 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 10 пешаци. Исто така санкционирани се 193 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, 29 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 12 заради техничка неисправност. Санкционирани се и девет возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.