Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги објави казните за санкционирање на сообраќајните прекршоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи ги објави казните за санкционирање на сообраќајните прекршоци преку системот „Безбеден град“. Па така:

Пречекорување на брзината во населено место
(дозволена брзина до 50 км/ч, по исклучок до 70 км/ч со знак):
– До 10 км/ч над дозволеното – 15 евра
– Од 10 до 30 км/ч над дозволеното – 50 евра
– Од 30 до 50 км/ч над дозволеното – 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци

Пречекорување на брзината надвор од населено место
(130 км/ч на автопат, 110 км/ч на пат за моторни возила, 90 км/ч на други патишта):
– До 30 км/ч над дозволеното – 20 евра
– Од 30 до 50 км/ч над дозволеното – 50 евра
– Од 50 до 70 км/ч над дозволеното – 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци

Реклама

Поминување на црвено светло:
– Глобата е 250 евра
– Забрана за управување од три до 12 месеци

Непрописно запирање и паркирање
(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуска постојка и други критични локации):
– Во зависност од видот и тежината на прекршокот, глобите се 25, 40, 150 и 180 евра

Учествување во сообраќај со нерегистрирано возило
(без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблички):
– Глобата е 500 евра
– Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена – 100 евра

Намалување на износот на глобите:
– Ако плаќањето е во рок од осум дена, се плаќа 50 проценти од глобата
– Ако има и забрана за управување, таа се изрекува во половина од пропишаниот рок

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел поголема лична и општа безбедност и намалување на сообраќајните несреќи.