Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

МВР е институција со најголема доверба меѓу граѓаните за справување со корупцијата, покажува извештај на МЦМС

Довербата на граѓаните во Министерството за внатрешни работи бележи силен раст и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Довербата на граѓаните во Министерството за внатрешни работи бележи силен раст и за првпат надминува 50 проценти – покажува извештајот за проценка на корупцијата во Македонија за 2025 година, подготвен од МЦМС.

Според анализата што ја сподели МВР, вкупната доверба во министерството достигнува 50,3 проценти, што е значително зголемување во однос на 33,9 проценти во 2023 година. Овој раст, како што се наведува, е јасен индикатор дека мерките за поголема транспарентност, отчетност и професионалност даваат конкретни резултати.

Извештајот покажува и намалување на перцепцијата на корупција меѓу полициските службеници, што упатува на подобрена институционална дисциплина и поефикасни механизми за спречување коруптивни практики.