Реклама

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

Македонија

Муцунски за уставните измени: Решение ќе се бара во рамки на државните принципи

Дипломатските контакти за уставните измени продолжуваат, паралелно со пораките од Брисел за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дипломатските контакти за уставните измени продолжуваат, паралелно со пораките од Брисел за потреба од напредок. Од Владата посочуваат дека комуникацијата е активна и се води во рамки на државните принципи.

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски посочува дека Владата е во редовен контакт со европските партнери и дека се работи на изнаоѓање решение со соседна Бугарија. Муцунски предупреди дека во Бугарија е во тек изборен процес и дека Македонија нема интерес да стане дел од предизборната реторика таму. Според него, секој обид за вовлекување на земјата во внатрешно-политички пресметки во Софија не е во духот на европските вредности, а такви тенденции, како што рече, се чувствуваат и од одредени домашни политички фактори.

„Дали имаме конкретна комуникација со ЕУ по ова прашање – да имаме. Пред неколку дена видовте во Минхен средба на премиерот Мицкоски каде го придружував и јас со претседателот на Европскиот Совет, Кошта, секако една од темите за кои дискутиравме е процесот на потенцијално изнаоѓање решение со соседна Бугарија и тоа е нешто на кое ние ќе работиме, но во рамките на принципите кои се јасни на сите нас и прилично јавно ги имаме поставено.“ – вели Муцунски.

Реклама

Владата останува на своите позиции – уставните измени се прифатливи со одложено дејство — односно внесување на Бугарите во Уставот по затворањето на кластерите, со цел да се избегнат идни блокади, како и меѓународната заедница да ја охрабри Бугарија да ги примени препораките на Европскиот суд за човекови права, за кои Владата посочува дека се однесуваат на правата на Македонците во Бугарија.

Во меѓувреме, нацрт-извештајот за напредокот на земјата, што идната недела европратеникот Томас Вајц ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, нотира дека засега нема напредок во делот на уставните измени.

Во документот се посочува дека застојот е поврзан со загриженоста од можни дополнителни билатерални прашања со Бугарија. Вајц оценува дека е потребно зголемување на политичката волја од двете страни за да се надмине ситуацијата.

„Мораме целосно да ја поддржиме земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман за да ѝ помогнеме на Северна Македонија да напредува во исполнувањето на сопствените обврски и да ги надмине постојните пречки. Што се однесува до оваа институција, како и во претходниот извештајен период, останувам посветен на поттикнување стабилно, конструктивно, проевропско, продемократско и про-проширувачко мнозинство во поддршка на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Очекувам да ја обезбедам поддршката на сите пратеници кои ја споделуваат оваа стратешка цел, смета Вајц.“

Ова ќе биде втор извештај на Вајц за земјата. Првиот извештај беше усвоен лани летото .По гласањето тогаш, Вајц оцени дека земјата покажала силна посветеност на европските вредности, но дека процесот на пристапување подолго време се соочува со предизвици поврзани со билатерални прашања.