Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Муцунски во посета на Северна Рајна-Вестфалија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска до 18 јуни ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. Министерството за надворешни работи  надворешна трговија соопшти дека денеска, на покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, министерот Муцунски ќе […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска до 18 јуни ќе оствари работни посети на Сојузна Република Германија, Обединетото Кралство и Ирска. Министерството за надворешни работи  надворешна трговија соопшти дека денеска, на покана на министерот за федерални, европски, меѓународни работи и медиуми на покраината Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински, министерот Муцунски ќе престојува во Диселдорф, главниот град на оваа германска сојузна покраина.

За време на посетата, Муцунски ќе оствари средба со министерот Лимински, по што двајцата министри ќе потпишат нова Заедничка декларација за намери за соработка меѓу Владата на Сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија и Владата на Република Северна Македонија за периодот 2026–2030 година.

Муцунски утре ќе престојува во Лондон, каде што ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер.

Реклама

Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе присуствува и на отворањето на првиот вински саем на земјите од Централна и Источна Европа во Лондон, настан што претставува значајна можност за промоција на македонското вино и за јакнење на економската и трговската соработка.

Во периодот од 16 до 18 јуни, министерот Муцунски ќе престојува и во Даблин, Ирска. За време на посетата, ќе се сретне со министерката за надворешни работи и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти, при што покрај билатералните односи, посебен акцент ќе биде ставен на претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија, кое започнува на 1 јули.

Во ирскиот парламент, министерот Муцунски ќе оствари средби со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на парламентот, а ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи (IIEA), еден од водечките ирски тинк-тенк центри за меѓународни односи и европски прашања.

Посетата на Ирска се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на Европската Унија и е насочена кон натамошно зајакнување на билатералната соработка, како и кон обезбедување континуирана поддршка за процесот на проширување на Европската Унија и за реформските напори на државата на патот кон полноправно членство во Унијата.

–Следната недела фокусот ќе биде на економската дипломатија, политичкиот дијалог и билатералните односи, јакнењето на стратешките партнерства и европската интеграција. Нашата цел е јасна: повеќе економски можности, посилни партнерства и конкретни придобивки за државата, економијата и граѓаните – објави вчера Муцунски на Фејсбук, најавувајќи ги посетите.