Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Муцунски-Варнес: Потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и билатералните односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадорка на САД, Никол Варнес. Тој во објава на Фејсбук информира дека на средбата изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во повеќе области од […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадорка на САД, Никол Варнес.

Тој во објава на Фејсбук информира дека на средбата изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес.

-Разменивме мислења за актуелните меѓународни и регионални случувања, состојбите во рамки на НАТО и актуелните безбедносни предизвици, при што го потврдивме значењето на американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во Алијансата како важни фактори за стабилноста и безбедноста, наведува Муцунски.

Реклама

Во разговорите станало збор и за реформските процеси во државата, вклучително и реформите во правосудството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и реализацијата на инфраструктурните проекти.

-Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и билатералните односи, продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и зајакнување на партнерството во рамките на НАТО Алијансата, додава шефот на дипломатијата во објавата на Фејсбук.