Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Македонија

Муцунски од утре ќе учествува на одбележување на 30-годишнината од Дејтонскиот договор

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од утре ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски од утре ќе престојува во Дејтон, Охајо, по повод одбележувањето на 30-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, во рамки на Пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО.

Како што информираат од МНРНТ, посетата е на покана на конгресменот и шеф на делегацијата на САД во Парламентарното собрание на НАТО, Мајкл Тарнер.

За време на престојот, министерот Муцунски ќе учествува на два настани од официјалната програма и тоа панел-дискусија посветена на унапредувањето на стабилноста на Западен Балкан и на пленарната седница со која ќе биде затворен настанот.

Реклама

Министерот ќе присуствува и на работна вечера организирана за лидерите од регионот и високи гости, посветена на темите поврзани со мирот и стабилноста на Западен Балкан. Во рамки на настанот ќе се дискутира за напредокот на земјите од регионот, предизвиците со кои се соочуваат, како и за потребата од обновен меѓународен фокус кон мирот, безбедноста и просперитетот на Балканот. Посебен акцент ќе биде ставен на значењето на Дејтонскиот договор за мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и пошироко.