Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Муцунски: Новата организациска поставеност ќе донесе дополнителна енергија и кохезија

Новата организациска поставеност ќе донесе дополнителна енергија и кохезија, бидејќи силна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата организациска поставеност ќе донесе дополнителна енергија и кохезија, бидејќи силна и стабилна партија е важен предуслов за силна и стабилна држава, оцени министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски кој синоќа беше избран за член на новиот Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски преку својот фејсбук профил изрази благодарност за искажаната доверба до премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски.  

– Вистинска чест и одговорност е да се биде член на Извршниот комитет на партијата која работи во интерес на граѓаните и цврсто ги штити националните интереси. Во изминатиот период, како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, со целосна посветеност и капацитет се вложив во работата на партијата. Поминавме низ значаен политички циклус во кој од опозиција прераснавме во владејачка политичка сила, и на локално и на централно ниво. И во периодот што следи ќе продолжам со истата посветеност да придонесувам кон реализацијата на програмските определби и политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Убеден сум дека новата организациска поставеност ќе донесе дополнителна енергија и кохезија, бидејќи силна и стабилна партија е важен предуслов за силна и стабилна држава, пишува Муцунски на фејсбук.